Габер: Двојните државјанства на дипломатите ќе направат дополнителни проблеми

You must need to login..!

Опис

Предлогот за промена на законот за надворешни работи не може да се извлече од целиот процес на градење на диломатијата кој што, за жал, поминуваше низ многу развојни периоди со многу турбуленции. Се уште не е променет тој психолошки приод кон тоа што претставува дипломатијата во општеството. Се смета дека тоа е една привилегирана функција со девизни плати. За жал тоа е лошиот пат по кој таа се третира. Тоа е една државна одговорна работа која е и честопати чисто бирократска. Вие спроведувате една политика во зависност од политичкиот систем која што на одредено ниво се носат политики кои вие ги реализирате. Секако и тука има креација која дозволува да се дојде до резултатот кој треба да се постигне за одбрана на државни и национални интереси, изјави во Утрински брифинг Виктор Габер, дипломат од кариера.

Во принцип во една држава имаме три столба – внатрешни, надворешни и одбрана кои треба да имаат одреден специфичен приод во креирањето на кадрите. Ние тука ги измешавме лончињата што дојде до израз и во дипломатијата. Имаше партиско – интересни групи кои влијаеа на кадровските политики, кои во практичното спроведување на дипломатската функција создадоа проблеми. Овие двојни државјанства ќе создадат дополнителни проблеми. Затоа во законот кој моментално важи пишува „само едно државјанство на Република Северна Македонија“ кое не треба да се брише, изјави Габер говорејќи за двојните државјанства кај дипломатите.

Целиот разговор со Виктор Габер каде говори и за спроведувањето на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + fourteen =