🎥📞 Габер – Дамјановска од Академијата за судии и јавни обвинители: За две години да имаме стручен и ефективен подмладок во судството

You must need to login..!

Опис

Судството треба да е посебен столб на власта кое ќе го држи својот интегритет. Академијата направи голем напор бидејќи се јавија 670 кандидати. Преку целиот процес издвоивме 60 најуспешни лица и се надевам дека и покрај пандемијата наставата да почне од септември со надеж дека за две години ќе имаме нов помладок во судството, изјави во Утрински брифинг Наташа Габер – Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители.

-Со оглед на резултатите сме задоволни се надевам и дека ефектот ќе биде позитивен. Добрата вест е што по формирањето на новата Влада ќе добиеме финансиски средства за ново тестирање и со тоа би почнале на есен. Така што има надеж и за оние кои отпаднаа во овој прв круг, вели Габер – Дамјановска.

Говорејќи околу изборниот модел Габер – Дамјановска смета дека самиот изборен модел од шест изборни едници е сосема добар и потребно е политичките партии да применат отворени листи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − 5 =