Второто полугодие започна со физичко присуство и со маски

You must need to login..!

Опис

Денеска започна второто полугодие за околу 255 илјади ученици. За време на продолжениот зимски распуст се отворија повеќе повеќе дискусии околу начинот на одвивање на наставата, по што беше донесена конечна одлука наставата да започне со физичко присуство, но со заштитни маски. Утрински брифинг денеска се вклучи во живо од основното училиште „Невена Георгиева Дуња“.

  • И покрај бројните полемики кои постоеја за стартот на второто полугодие, наставата започна со физичко присуство и задолжително носење на заштитни маски на учениците и на наставниците. Во нашето училиште утринава немаше никакви проблеми, не се појави ниту еден родител кој би сакал неговото дете да следи настава без заштитна маска. Он лајн настава следат 46 ученици кои претходно доставиле барање за наставата да ја следат од дома, рече директорката на училиштето, Наталија Дилева.

Родителите кои не доставиле такво барање на почетокот на учебната година, истото можат да го направат и сега, на почетокот на второто полугодие.

  • Се разбира дека ќе излеземе во пресрет на сите родители кои имаат доставено уредна здравствена документација. На сите поднесени барања одговараме навремено, потенцира Дилева. Стартот на второто полугодие започна без најави за отсуство на болни ученици, исто така комплетиран е и наставничкиот кадар, односно сите наставници се на нивните работни места.

Таа нагласи дека училиштето е комплетно дезинфицирано.

  • Зимскиот распуст беше искористен за целосно хемиско чистење на училиштето, направена е дезинфекција и дератизација на целото училиште. Исчистени се сите училници, холовите, училишната кујна и наставничката канцеларија. Во училниците се проветрува по завршување на часовите, односно за време на одморите, а во текот на часот прозорите се отвораат доколку временските услови тоа го дозволуваат. За да нема мешање помеѓу класовите, наставата се одвива во една училница за разлика од порано кога имаше кабинетска настава.

Во функција се ставени сите влезови и излези на училиштето со точно утврден распоред за влез и излез на секое одделение.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

sixteen + 20 =