Врабец Мојзеш: Да ми се исуши раката што гласав за Милановиќ, велат мнозинството негови некогашни поддржувачи

You must need to login..!

Опис

Главните теми во Македонија од меѓународната политика доаѓаат од Украина, но интересни работи се случуваат и во регионот. Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изненадува со неговите изјави, кои не секогаш се дипломатски. За тоа која е неговата цел во Утрински брифинг разговаравме со Зринка Врабец Мојзеш, уредник во неделникот „Национал“.

-Немам поим која му е целта и никој не знае. Тој со неговата реторика целосно нѐ разочара нас кои гласваме за него. Јас еднаш и јавно реков, да ми се исуши раката што гласав за Милановиќ. Неговите вербални испади и бесмислените расправии со Владата им се преку глава на луѓето. Хрватска има сериозни проблеми со демократијата и има елементи со Владата да се биде во конструктивен конфликт. Но, тој замина во друга насока. Тој сега е крајна десница оти неговите поддржувачи се крајни десничари, вели Врабец Мојзеш.

Коментирајќи ја политиката на Милановиќ кон Босна и Херцеговина, Врабец Мојзеш вели дека таа политика е надвор од умот и е дијаметрално спротивна од политикта што ја водеше Милановиќ кога беше премиер. Станува збор за изборниот законик кој мое да ја разори Босна и Херцеговина која и онака има проблем со Милорад Додик, кој е човек на Путин.

-Додик е човек со кој хрватската политика не треба да разговара оти е српски националист кој го негира геноцидот во Сребреница и слично, но Додик како и Човиќ му се одлични пријатели на Милановиќ. Милановиќ како да нема доволно работа да се занимава со Хрватите во Хрватска, се занимава со Хрватите во Босна и Херцеговина па дури и ги уценува Финска и Шведска со влезот во НАТО ако не се промени изборниот закон во БиХ по негова мерка, вели Врабец Мојзеш.

Таа заклучува дека со ваквото однесување Милановиќ ѝ нанесува штета на хрватската држава.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × 5 =