Во Студеничани целосно се почитуваат препораките од Владата

You must need to login..!

Опис

Ги спроведуваме мерките на Владата, и иако немаме заразен од Коронавирус, ние максимално се трудиме да ги почитуваме препораките, изјави за Утрински брифинг градоначалникот на Студеничани, Азем Садики.

Ги дезинфицираме школите, верските објекти, јавните површини. Во голема мера се почитува полицискиот час. Сега земјоделците и оние кои се занимаваат со сточарство викендов ќе имаат можност да излезат и да ја работат својата работа. Секојдневно сме во координација со полицијата.

Во соработка со министерството за здравство дониравме и возило за брза помош кое ќе биде во служба на сите граѓани, изјави Садики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =