Во пресрет на Денот на пролетта Лајонс клуб Вардар засадува 500 рози

You must need to login..!

Опис

Традиционално, по десетти пат Лајонс клубот Вардар во пресрет на Денот на пролетта и Денот на екологијата засадува рози на неколку факултети во Скопје. Традицијата започнала со садење рози на Медицинскиот и Земјоделскиот факултет, а во последните неколку години членовите на клубот го оплеменуваат и разубавуваат кампусот на Електротехничкиот факултет.

Претседателката на клубот д-р. Весна Филиповска Шимиќ, денеска во Утрински брифинг зборуваше за идејата и мотивацијата да се започне со една ваква благородна акција, но и за останатите активности на клубот.

-Садењето рози е една убава традиција. Во паркот кој е наречен „Парк на лајонизмот“ досега се насадени околу 500 рози. Даваме наш придонес во подобрување на еколошката слика. На денот на екологијата и Денот на пролетта имаме закажано акција за садење рози. Ќе засадиме триесет рози, симболично, колку што има членови во клубот, информира д-р. Шимиќ.

Покрај активностите за садење рози, Лајонс клубот Вардар организира и хуманитарни активности.

-Суштината на лајонизмот е помагањето и донирањето. Се трудиме да им обезбедиме храна, облека и помагала на луѓето кои не можат тоа сами да си го обезбедат. Во текот на годината имаме неколку видови на донации. Преку Црвениот крст и преку комуникација со семејства кои што се загрозени точно знаеме кому му е најнеопходна помош. Најчесто помагаме на деца со посебни потреби и на социјално загрозени семејства. Минатата година помагавме на семејства во Пробиштип и во Слепче, Демир Хисар. Во екот на пандемијата во поликлиниката „Букурешт“ беа донирани апарати за дезинфекција, вели претседателката на клубот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 1 =