Во недела десетта по ред женска трка Авицена

You must need to login..!

Опис

Во неделата во 10 часот во Градски парк ќе се одржи десеттата по ред женска трка Авицена. На трката се пријавиле дури 2.025 девојки и жени.

  • Женската трка се одржува со цел да се подигне свеста за здравјето на жената и секоја година се организира на почетокот на април и е поврзана со Свветскиот ден на здравјето, со исклучов во минатите две години кога поради пандемијата се организираше во октомври. Трката иако има натпреварувачки карактер, сепак е аматерска. Првите три најбрзи учеснички ќе добијат награди, но предвидена е лотарија благодарение на која награди ќе има и за другите натпреварувачки, рече денеска во Утрински брифинг Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Град Скопје, кој е организатор на трката.

Стартот и целта на трката, ќе биде паркингот на Градски парк, а пријавените дами своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат денеска и утре од 11 до 19 часот, во спортскиот центар Борис Трајковски, спроти хокеј лизгалиште.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

twelve − two =