Во Карпош има околу 80 хаварисани возила за кои не може да се најде решение за дислокација

You must need to login..!

Опис

Рацете на општинарите се врзани кога е во прашање отстранувањето на хаварисаните возила од јавните површини. Ова денеска во Утрински брифинг го изјави Филип Даскаловски, координатор на советничката група на СДСМ во Општина Карпош.

-Ние преку месните заедници поставуваме соопштенија до граѓаните за да ги отстранат хаварисаните возила од јавните површини. Одредуваме и временски рок, за колку време тоа да го направат, но овие акции не се во целост успешни, од причина што некои од сопствениците се иселени од општината и од државата. Во тој случај, и Град Скопје и Општина Карпош имаат врзани раце да направат било што во врска со тоа. Ние имаме и иницијатива, преку Градот а во соработка со ЈП Градски паркинг, да ни се овозможи да ги користиме услугите на претпријатието за подигање на возилата и нивна дислокација на друго место. Во моментов сме во потрага по плац на кој што би можело да се однесат хаварисаните возила, вели Даскаловски.

Тој вели дека во Карпош се мапирани околу 80 хаварисани возила, а проблемот настанува кога се справуваат со оставени и напуштени возила кои немаат регистарски ознаки, така што е невозможно да се најде сопственикот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × four =