Вооружени судири во Сирија, Ердоган се заканува дека ќе предизвика нова мигрантска криза

You must need to login..!

Опис

Во Сирија беснее вистинска војна и отворен судир помеѓу сиријската и турската армија. Денешниот биланс на загинати е 33 турски војници, кои биле мета на воздушен напад во Идлиб, на оваа тема во студиото на „Слободна ТВ“ говори новинарот Дејан Андоновиќ.

-Сирјската армија напредува кон границата со Турција чистејки ги преостанатите џепови на отпорот на тероистичките групи на Ал Каеда и сиријската опозиција. Напредувањето и брзото освојување на сирјските трупи е помогнато од руската авијација, која стрела врз позициите на бунтовниците, со што им отвара пат на сиријските трупи за освојување на нови градови и населени места во близина на границата со Турција- вели Андоновиќ.

Турската армија пак, веќе има стационирано поголем контигент на војска длабоко на сиријска територија и нескриено им помага на бунтовничките групи во борбата со сиријската армија.

-Се зачестуваат и претсрелките помеќу двете армии, а турската против воздушна одбрана на неколкупати стрела врз руските авиони кои даваат воздушна поддршка на сиријската армија. Турција бомбардираше позиции на режимот на Башар ал Асад како одговор на убиството на 33 турски војници. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг свика вонреден состанок денеска со амбасадорите на државите на Алијансата- вели Андоновиќ.

Амбасадорите ќе разговараат за ситуацијата во Сирија на барање на Турција.

Се прецизира дека барањето е по Член 4 од Вашингтонскиот договор, според кој секоја земја од Алијансата може да побара консултации со своите сојузници доколку идентификува закана за нејзината безбедност, територијален интегритет или политичка независност. Столтенберг синоќа ги осуди воздушните напади на Сирија и Русија во сириската провинција Идлиб.

Анкара најави дека Турција повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море, изјави турски официјален претставник. Изјавата беше дадена во пресрет на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде има еден милион раселени лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + 7 =