Влатко Стефановски: „Тафталиџе шафл“ не е албум за еден ден, ќе трае многу години

You must need to login..!

Опис

Новиот албум на Влатко Стефановски – „Taftalidze Shuffle” во издание на најголемата дискографска куќа во регионот – „Croatia Records“, ќе биде официјално промовиран идната недела.

„Идејата со овој албум беше да се вратам на оној звук кој мене ме инспирираше и кој ме формираше како музичар. Јас растев во седумдесеттите години и за мене тие години беа спектакуларни, ги слушав бендовите од тоа време, формирав бенд кој подоцна беше значаен, „Леб и сол“ беше формиран во тие години и мислам дека овој албум, после „Као какао“, кој настана пред триесетина години, е позначајно мое остварување.

Имав многу соработници Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов, но и Јан Стефановски заедно со басистот Иван Кукиќ кои направија одлична работа и кои се мојата нова, млада ритам секција, која свири постојано насмеана и полна со младешка енергија и ентузијазам и мене ми даваат еден мотив плус. Ги споив енергиите на едно место, сите тие таленти на навистина реализирани и многу успешни имиња што госуваат на албумот ги ставив во еден мој и личен контекст. И јас соработувам на многу проекти, неодамна во Хрватска, праќав фајлови музика во Грција, во Бугарија, многу е важна таа комуникација меѓу музичарите“, вели Влатко Стефановски за Утрински брифинг.

Новиот албум на Стефановски е создаван во време на пандемијата, во неговото студио „Езотерија“ „Се затворив во студио во еден полунаметнат полудоброволен локдаун и создавав музика. А оваа пандемија веќе го промени начинот на восприемање на музиката. Многу музичари останаа без работа и не само тие туку и други уметници. Да се надеваме дека ќе се вратиме на стариите начини, дека ќе свириме на концерти и дека луѓе ќе доаѓаат да не’ слушаат, затоа што оваа онлајн култура ми е малку изнасилена и преагресивна, јас сум стара школа и сакам да комуницирам во живо со луѓето. Незаменлива е културата во живо, додава Стефановски. За својот нов албум тој вели дека се надева дека се слуша уште многу години и најави дека до крајот на годината ќе излезе и како издание на винил.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − eight =