Владимир Ангелов: Кинотеката чува 14 илјади филмски копии, а подготвена е да зачува и други аудиовизуелни материјали

You must need to login..!

Опис

Одбележувајќи го Светскиот ден на аудивизуелното наследство, 27 октомври, Кинотеката на Северна Македонија промовираше ново ДВД-издание со пет македонски долгометражни играни филмови дигитално реставрирани.

Се работи за два филма од хрватски режисери – „Три Ани” на Бранко Бауер од 1959 и „Македонски дел од пеколот” на Ватрослав Мимица од 1971 година, потоа „Жед” на Димитрие Османли од 1971, „Татко (Колнати сме, Ирина)” на Коле Ангеловски од 1973 година и „Хај-фај” на Владимир Блажевски од 1987 година. „Дигитализацијата на филмовите кои биле снимени на 35 милиметарска лента е проект со ограничено времетраење, бидејќи не се работи за неограничено количество на тие филмови.

Кинотеката во своите депоа чува околу 14 000 филмски копии и мислам дека сега и за во иднина е особено важно да се обрне внимание и на чувањето на релевантните документарни архивски материјали, кои не се нужно филмски, туку во овие денешни услови може да бидат и дел или продукција и на другите медиуми.

Така на пример, сега се поставува прашањето дали да се зачувуваат и материјалите што ги има на платформите како Јутјуб, се разбира ако тие се релевантни. Што се случува со архивите на електронските медиуми, телевизиите?

Мислам дека ние сме слаби по ова прашање и дека во иднина треба да се обрне внимание на овој сегмент на зачувувањето на аудиовизуелни материјали и наследство“, рече за Утрински брифинг, Владимир Ангелов, директор на Кинотеката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − five =