Вицегувернерката Нацевска: Денарот е стабилен, имаме девизни резерви да го браниме

You must need to login..!

Опис

Дели ќе има девалвација на денарот е првото прашање што би го поставиле граѓаните во оваа турбулентна состојба во економијата предизвикана од војната во Украина. Но, за пофалба е отвореноста на Народната банка. Гувернерката Ангеловска Бежовска изјави дека курсот е стабилен и макроекономската ситуација е засега стабилна. За тоа какви се прогнозите за курсот на денарот во Утрински брифинг разговаравме со Емилија Нацевска, вицегувернерка на НБРСМ.

-Јас можам само да ја потврдам пораката дека денарот останува стабилен, а неговата стабилност се покажа дека е битна во кризни ситуации. Причина за паника од девалвација на денарот нема бидејќи располагаме со доволно девизни резерви за одбрана на денарот, како што сме го бранеле и порано, вели вицегувернерката Нацевска.

Депозитите во банките и понатаму растат, вели вицегувернерката, иако има појава при првични моменти на криза да се повлекуваат средства, но откако ќе се види стабилноста средствата повторно се враќаат во банките.

Размената со Украина и Русија не е голема, но битно е колку оваа криза ќе се прелее во европските финансиски пазари и како ние моеме да бидеме погодени од нивните намалувања на стапките на развој.

-Нашата директна поврзаност со овие две земји е многу мала и затоа нема и не очекуваме последици врз македонската економија. Во овој момент немаме ситуација како во Босна и Словенија затоа што руски банки тука нема. Но, индиректни ефекти секако ќе има. Мерките што ги преземаат западните земји креираат неизвесност и дневна променивост на пазарите на примарни производи, па во овој момент не може да се излезе со прогноза, вели вицегувернерката Нацевска.

Проценките на аналитичарите за потенцијалните ризици се натамошен раст на цените на енергенсите и цената на житото. Но, вицегувернерката вели дека цените се променливи. Тоа ќе се одрази и на нашиот пазар и на инфлацијата, но тоа се ценовни притисоци од глобалниот пазар на кои Централната банка не може да влијае.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

5 × three =