Виолинистот Груби разочаран: Со две илјади евра уметност не бива

You must need to login..!

Опис

Блерим Груби, виолинист, повеќе од две децении се занимава со класична музика. Последните две години како и годинава, сакаше да го реализира фестивалот „Камерфест“ кој предвидуваше 8 концерти.

Токму за проектот „Камерфест“ тој побарал 2 милиони денари од Министерството за култура. но од таму доделиле околу 2 илјади евра.

Разочаран, Груби вели дека оваа сума е навредлива.

„Кога видовме дека доделената сума е смешна, ниту 2 илјади евра и бев навреден во однос на поддршката од страна на Министерството за култура.

Со средствата се предвидени 2 милиони денари, а издвоени се само 120 илјади денари“, истакна Блерим Груби.
„Доделените пари за реализација на овој проект ги вратив“, вели Груби.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + 12 =