🎥 📞 Виолета Качакова од „Локомотива“: #АрхиваНаРефлексии – каде сме сега и каде одиме

You must need to login..!

Опис

„Локомотива“ центарот е основан во 2003 година во Македонија, Скопје како непрофитна организација, платформа за едукација, промислување, продукција, дискусии и истражувања во уметноста и културата. Тоа е мала организација, но е многу активна учесничка во градењето и развојот на демократскиот социо-културен простор во Македонија и регионот на поранешна Југославија. Преку своите активности, Локомотива цели да го прошири пристапот на граѓаните до уметноста, културните настани и проекти и да влијае на развојот и поддршката на современата, динамична уметност и култура како поттик за развој на демократското општество.

Локомотива развива и спроведува разновидни проекти во културата и уметноста, во различни медиуми и формати, како филмови, претстави, едукација, градење капацитети и програми за обука, дебати, дискусии, изложби, истражувања, активности за застапување и друго. Локомотива ја разбира културата како проширено поле, ко-поврзано со општеството, а уметноста како експериментална комуникација и пост-дисциплинарно поле каде формите на изразување, продукција и дисеминација се прошируваат.

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ ја прошири програмата „Современа култура и културни политики“ за 2020 година и во неа вклучи размислувања и рефлексии за променливите услови предизвикани од моменталната состојба на пандемија со коронавирусот.

Со хаштагот „#АрхиваНаРефлексии“ е означен сегментот во кој секој работен ден, почнувајќи од 27 мај, на Јутјуб-каналот на „Локомотива“ се објавуваат снимени видеоинтервјуа на 30-ина културни работници, уметници, критичари и активисти на граѓанското општество од земјава и од странство.

Гостинка во Утрински брифинг беше Виолета Качакова од „Локомотива“ која изјави дека во услови на КОВИД-19 поканиле колеги – културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество – да предложат, шпекулираат, критикуваат – односно да промислат и рефлектираат – на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња, нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници.

„Ние мислиме дека оваа архива на рефлексии е обид за создавање нов јавен простор, бидејќи веќе постоечкиот е одземен од вирусот“.

-Секој работен ден, почнувајќи од 27 мај, на Јутјуб-каналот на „Локомотива“ се објавуваат снимени видеоинтервјуа на 30-ина културни работници, уметници, критичари и активисти на граѓанското општество од земјава и од странство, додаде Качакова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + eleven =