Видео: Утрински брифинг на местото на несреќата

You must need to login..!

Опис

Прво дојдовме до автопатот, но во тој момент полицијата од двете страни го блокираше автопатот. Не можевме да пристапиме до самото место. ВО тој момент ги вадеа телата и логично беше да не не пуштат, изјави новинарката на Утрински брифинг Кристина Атовска.

Банкината што неприродно е на средина, можеби од далеку и со голема брзина не можете да видите дека е банкина, додаде Атовска.

Тоа еден дел од автопатот кој најмногу го зборуваат и бугарските медиуми и бугарите кои патуваат по тој пат и за нив е еден од најнебезбедните патишта во цела Бугарија.

-Кога пристигнавме пред болницата имаше група на роднини и на загинати и на повредени. На тие луѓе никој не им даваше никаква информација. Дури и повикаа нивни пријатели од Бугарија за да им помогнат во комуникацијата со службите. Од македонската амбасада ништо не знаеа што да им кажат.

Бугарската обвинителка, заедно со Русковска и Јовески заедно влегоа да ги посетат и по излегување не кажаа ништо што добиле како информација од разговорот со повредените, бидејќ икако што велат може да ја нарушат истрагата, вели Атовска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 3 =