Вељановски: Заев докажа дека приоритет му се политиките на неговата коалиција, а не здравјето и справувањето со сиромаштијата

You must need to login..!

Опис

Како пратеничка група ние ќе го поддржиме сетот на закони кои треба да се донесат како поддршка за економијата во земјава и ќе учествуваме активно во нивното донесување.

Сметаме дека здравствениот аспект и финансиските проблеми кои што ги имаат граѓаните треба да бидат надминати, а обврска на државата е да помогне. Утре на седница се два закони од законите кои што треба да бидат донесени од петтиот пакет економски мерки. Нашата забелешка е зошто се доцни со поднесувањето на овие закони ако се има предвид дека уште на трети март Зоран Заев можеше да ги постави во Собранието затоа што Собранието имаше и мнозинство тогаш за да работи по овие закони.

Сметам дека се работи за промашени приоритети, а Заев докажа дека приоритет му се политиките на неговата коалиција, а не здравјето и справувањето со сиромаштијата во Република Македонија вели за УБ Александар Вељановски пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 5 =