Весна Попоска: Мора да ги опфатиме женските аспекти во се’ што правиме за да постигнеме реални промени

You must need to login..!

Опис

„Без оглед на која категорија припаѓате, на Балканот не можете да ги избегнете стереотипите“, смета Весна Попоска, прва жена деканка на Правниот факултет на Меѓународниот универзитет „Визион“ и првата жена која докторирала на Воената академија во Скопје.

„Јас сум феминистка. Секоја жена што се застапува за себе, за другите жени или за општествените промени е феминистка без оглед дали тоа сака да го каже или не. Меѓутоа, сметам дека она што се нарекува ородување или влијание на женската перспектива во донесувањето на сите аспекти е родови мејнстриминг е тоа што го правиме. Значи не да ги разгледуваме женските аспекти одвоено во теорија, во балон, изолирано, иако и тоа е добро бидејќи теориските истраувања се важни, но мора да внимаваме на родовиот мејнстриминг или на опфаќање на родовите аспекти во се’ што правиме за да може да постигнеме вистинска или реална промена. Ратификувањето на Истанбулската конвенција беше клучен чекор во борбата против семејното насилство, некаков напредок. Притоа да појаснам: не постојат женски права, постојат човекови права, за жал иако е 21 век, жените ги перцепираме како маргинализирана група и затоа ги нарекуваме така. Зошто никој не зборува за машки права, зборуваме само за женски права? Кога станува збор за планирањето на јавните политики, генерално треба да е подобро направено и тоа важи за сите закони, не само за законот против насилство врз жените и законот против дискриминација.

Колку време ќе треба да се имплементираат ќе зависи од политичката волја. Ние не мора да го промениме општеството за една ноќ, но мора да побрзаме. Важна е политичката волја и начинот на кој таа ќе се имплементира. Затоа е важно да се прави стратешко планирање кога се донесуваат какви било законски измени и тоа е многу често проблем, затоа што планирањето често е нецелисходно или неодржливо. Ни претстојат локални избори, партиите се изборија за застапеност на жените на советничките листи, но никаде не гледам заложба за една третина градоначалинки, една третина носителки на листи, или една третина претседателки на совет. Значи жените влегуваат на листите, но таму каде што се донесуваат одлуките се многу малку. Исто така, проблем се човечките ресурси во самите партии, не поминува најквалитетниот кадар, туку оние што имаат најблиски врски со раководството. Постои незадоволство, очекувам на следните избори да се промени политичката волја“, вели за Утрински брифинг, Весна Попоска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × 3 =