Весковски: Скопјани пијат здрава, чиста, со одличен квалитет вода

You must need to login..!

Опис

Од пред две недели ЈП „Водовод и канализација“ сметките ги произведува од рециклирана хартија.

Не само внатрешната употреба на хартијата која што до сега беше применувана во претпријатието, се решивме за уште еден чекор. Сметките и пликоата кои ги испорачуваме да бидат од био-разградлива природа. Тоа значи заштеда на вода, енергија и инвестирање во нашата иднина.

Тоа значи заштеда на вода, енергија и инвестирање во нашата иднина

Повеќе пати сме разговарала на оваа тема. ЈП Водовод и лабараторијата вршат мерења на квалитетот на водата на 26 места низ градот Скопје, секоја недела.

Можам да ги уверам скопјани дека пијат здрава, чиста и со одличен квалитет вода, изјави директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски.

Прочитајте – Бакревска: ја поздравуваме секоја вонредна контрола на Царина

Соопштение од ЈП „Водовод и канализација„ – Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје е првото претпријатие кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија. 

 „Горди сме и среќни што сме прво претпријатие во државата кое ќе испорачува сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија“ – посочува Весковски.

Тој најави печатење и дистрибуција на редизајнираните сметки на рециклирана, еколошка и биоразградлива хартија.

Станува збор за околу 210.000 сметки кои месечно се испорачуваат до корисниците, односно 2.500.000 сметки кои се потецијален отпад на годишно ниво. „Освен заложбите за реализација на капитални проекти, ЈП Водовод и канализација – Скопје работи и на воспоставување на една поинаква пракса и се надеваме позитивен пример за сите“ – посочи директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, додавајќи дека праксата за употреба на рециклираната хартија за внатрешна и надворешна употреба е започната минатата година. 

Бенефитот од замената на хартија произведена од дрво со користењето на рециклирана хартија значи заштеда од 60% на енергија. Намалување на потрошувачката на вода за 15%. Преземајќи го овој чекор и со воведување на интернационалниот стандард ISO 14001, ЈП Водовод и канализација – Скопје станува “Environmentally friendly” претпријатие. Тоа значи претпријатие кое ги исполнува Европските стандарди за заштита на животната средина.

Освен стандардниот начин на добивање и плаќање на сметките, корисниците имаат можност да ги користат online услугите.

Достапни се на www.vodovod-skopje.com.mk, каде имаат можност да добијат електронска сметка. Истата можат да ја платат преку опцијата плати брзо или како регистриран електронски корисник. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × three =