Весев: Се уште не се откриени објавувачите на фотографиите, граѓаните ако имаат сомнеж да пријават во МВР, а не на социјални медиуми

You must need to login..!

Опис


Во денешниот Утрински брифин Томе Весев, потпретседател на македонски полициски синдикат, изјави дека штетата од објавување фотографии кои граѓаните сметаат дека се на МВР, прават неколку кратна штета. Ја загрозуваат безбедноста на полициските службеници, ја попречуваат истрагата или акцијата и го рушат угледот на МВР.

Прашан зошто до сега не се откриени сторителите на обајвените фотографии со оглед на фактото дека се направени во најобезбедуваната зграда во градот, Весев вели дека се уште не знае зошто тоа не е е направено.

Синдикатот ќе учествува и во Комисијата која треба да ја формира техничкиот минисистер Чулев, за ревизија на сите правни акти во последниот период. Весев вели дека Синдикатот ќе направи се што од него се бара, но нивното мислење е дека нема потреба од ваква Комисија, бидејќи полициските службеници претходно не се пожалиле на одлуките за прераспределба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 10 =