Велковска: Отсуствува волја кај советниците во Град Скопје да го слушнат гласот и пораките на граѓаните

You must need to login..!

Опис

Граѓаните на Скопје нема да добијат ниту субвенции за стерилизирање на домашни и маалски миленици, ниту пристапни улици и тротоари, а уште помалку студентски град на место на стара фабрика.

Сите предлози кои беа доставени преку платформата „Мој Град“, а кои се однесуваа на подобрување на условите за живот на скопјани, беа одбиени на седница на Советот на Град Скопје, речиси едногласно.

За вчерашната седница на Советот беа доставени предлозите „Субвенции за стерилизација/кастрација на домашен и/или маалски миленик“, со кој се предвидува да се помогне семејствата кои не можат да си дозволат стерилизација на милениците, „Пристапни улици и тротоари“, со кој се бара да се симнат тротоарите кај пешачки премини и пристапни улици и „Од напуштена фабрика до студентски град“, со кој е замислено да се ревитализира и пренамени просторот на фабриката „Курпум“.

Сите предлози беа одбиени на седницата.

Активистката и членка на Советот на Град Скопје, Драгана Велковска за Утрински брифинг изјави дека во Деловникот за работа на Советот не постои можност кога се предлагаат точки за дневен ред да се влезе во расправа, односно ти мора да се прифатат или отфрлат без да има претрес по нив.

Владејачкото мнозинство го прекрши деловникот, член 63 и дозволи на еден од советниците да зборува за предлозите и да ги напаѓа, да ги омаловажува предлозите, она што го прават граѓаните и да не понуди никакво разумно образложение зошто се отфрлаат.

Целосно се занемари фактот што на самата платформа во само десетина дена пристапија над 4.000 посетители и 1.000 регистрирани корисници кои даваа свои предлози. Овие три предлози за кратко време добија 1.000 гласови и иако сите овие информации ги споделивме во јавноста и иако јас ги изнесов на седница овие факти и имаше огромен простор градот да ги прифати сите овие предлози со неразумни аргументи анблок беа одбиени, без простор за разговор, вели Велковска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + two =