Велковска од Меѓаши: Да се престане со злоупотреба на децата во политичките кампањи

You must need to login..!

Опис

Агенцијата со мониторингот на изборното медиумско претставување за Локалните избори 2021 година констатираше дека на повеќе медиуми во земјава се емитува платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Согласно Изборниот законик учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, но одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изричито е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.

И од Првата детска амбасада во светот Меѓаши со став забранета е злоупотреба на деца во политички кампањи. Гостин во Утрински брифинг беше Јулија Велковска – СОС оператор на телефонот за деца и млади при Меѓаши.

-Во повеќе наврати најмногу поплаки за пропагандни материјали во кои има и деца стигнуваа преку ФБ страната на меѓаши, како и мреку мејл, вели Велковска.

-Го поздравувам чекорот на ААВМУ на истапување, затоа што само вака како повеќе можеме да влијаеме и рекламирањето е одговорност на нарачателите, но и радиодифузерите се одговрни за законитоста на неговото емитување, можат да престанат да ги емитуваат овие спотови.

-Меѓаши е тука постојано да реагира, ние во неколку наврати истапивме со апели, постови и критики до политичките партии. Но сите заедно можеме многу повеќе да направиме.

-Имаме претставки и до Народниот правобранител. Немаме повратни информации дали некој е казнет од политичките фигури.

Целиот разговор погледенте го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three + three =