🎥📞Велковска: Новите технологии го менуваат светот, потребно е истите да ги применуваме и во новата реалност

You must need to login..!

Опис

Represent Communications ја лансираше новата платформа mymasterlab.com од која, како што велат, ќе произлегуваат идеите, конекциите и соработките за идни бизниси во регионот.
Според Represent Communications , Мymasterlab.com е местото каде се среќаваат врвни експерти од САД во домени како Machine Learning, AI, Internet of Things, Blockchain, Applied Leadership, Storytelling, Sales Pitch Construction итн со регионални ентузијасти спремни да ги реализираат своите бизнис идеи или да напредуваат во кариерата.

Проект менаџерот Наташа Велковска ќе изјави дека независно дали сакате да се истакнете меѓу колегите, да бидете унапредени на подобро работно место, сакате да ве забележи шефот на вашиот шеф, неопходна ви е промена на кариера или компанија, сонувате за своја компанија, имате компанија но ви треба инвестиција и лидерски вештини за да ја развиете, mymasterlab.com е местото каде ќе најдете поддршка и ресурси за реализација на сите планови.

„Нашата визија е mymasterlab.com да биде местото каде ќе најдете поддршка и ресурси за реализација на сите планови. Во пилот фазата сме на ниво на мапирање на оние кои што сакаат да напредуваат и сакаат својата идејка да ја трансферираат во бизнис компанија. Често пати во светски рамки постојат луѓе кои знаат да препознаат добар бизнис. Има и луѓе кои сакаат да излезат од ограничувањето на земјата и регионот и да го прошират својот бизнис во светски рамки. Новите технологии го менуваат светот и потребно е истите да ги применуваме и во новата реалност, вели Велковска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 20 =