Велевски: „Gulf oil“ помогна, не смееме да дозволиме греењето и топлата вода да бидат на дневен ред во студентските домови

You must need to login..!

Опис

Државниот студентски дом минатата недела ја информираше јавноста дека благодарение на донација, обезбедена е доволна количина на екстра лесно масло за затоплување на студентите сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Со тоа е надминат проблемот, кој, како што информираат надлежните, настанал поради технички причини.

Директорот на Државниот студенски дом, Виктор Велевски, во соопштението изрази благодарност до компанијата „Gulf Oil“, која го обезбедила маслото за греење.

Од компанијата сопштија дека донирале 9 тони екстра лесно гориво, за потребите на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје. Поради технички проблеми студентите во домот беа соочени зимскиов период, покрај ситуацијата со пандемијата да го минуваат во дополнително отежнати услови. Состојбата наложи потреба на која сме горди што можевме да излеземе во пресрет со оваа донација. Студентите се иднината на нашето општество, грижата за него е дел од нашата корпоративна политика и компанијата Gulf ќе продолжи понатаму со вакви активности“, соопштија од компанијата.

Директорот Виктор Велевски, кој минатиот месец ја презема оваа функција, во Утрински брифинг рече дека има гориво, ама се појавил проблемот со испораката поради попис во Дирекцијата за задолжителни нафтени резерви. Истакна дека се во комуникација со институциите за побрзо решение за проблемот.

Многу е битно што се надмина проблемот. Овие 9 тони ќе бидат решение до испорака на обезбедената количина од страна на Агенцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и јас се надеавам дека со таа количина сме покриени до испорака, но нема да оставиме на случајност. Во преговори сме со наши компании со општествена одговорност да помогнат на студентските домови, вели Велевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − three =