Велевски: Машини за рециклирање поставени во трите студентски дома во Скопје

You must need to login..!

Опис

Во насока на подигање на јавната свест за чиста животна средина студентските домови во Скопје во своите објекти инсталираа вендинг машини во кои ќе може да се одложуваат пластични амбалажи и алуминиумски лименки, а со цел дополнително да бидат стимулирани, студентите за рециклираниот отпад ќе добиваат и финансиска мотивација, односно за секоја одложена амбалажа во зависност од големината предвиден е определен паричен надомест.

Ваков успешен пример претходно веќе е спроведен и функционира на територијата на општина Центар каде граѓаните активно ги користат ваквите постројки.

Иницијативата е на студентите кои се сместени во објектите, а финансиски проектот се спроведува од средства на Државниот студенстски дом „Скопје“.

Како сето ова ќе функционира но и за сите останати детали разговараме со Директорот на Државниот студенстски дом „Скопје“, Виктор Велевски.

-Почнуваме со подготовки да ги ставиме сите машини во функција. Интерес кај студентите има. Целта ни е зачувување на животната средина, аи враќање на пари кај студентите, вели Велевски.

-Станува збор за шест машини за Студентските домови. Ова е почеток, понатаму ќе размислуваме за дополнителни машини.

Парите се обебедени од студентскиот дом. Директорот изрази надеж за проширување на мрежата во сите студентски домови низ републиката.

-Направивме анализа за сите трошоци кои следат за реализација на овој проект. Ова чини околу осум милиони. Очекуваме за околу три и пол години да се врати инвестицијата, додава Велевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

fourteen − 14 =