Васоски: ФК Вардар е во лоша финасиска состојба – топката е кај Самсоненко

You must need to login..!

Опис

Кога се нафатив кон крајот на август, без припреми, со комплетно нов тим, млади играчи најавив дека до декември ќе бидам тренер на ФК Вардар. Јавна тајна е дека финасиската ситуација не е добра. Преку две години нема редовна плата – клубот е финасиски нестабилен, а во фудбалот нема импровизација. Но и во овие ненормални услови играчите го понесоа товарот, и во моментов се наоѓаме, со оглед на состојбата, на „доброто“ петто место, изјави за Утрински брифинг фудбалскиот Александар Васоски.

-Сега топката е кај Самсоненко. Негов е долгот од 3 милиони евра. Доколку долгот биде подмирен секако некој би се нафатил да го преземе клубот. Самсоненко најави дека до крајот на декември ќе ја реши ситуацијата. Тука и град Скопје треба да се вклучи и да проба да ја изменаџира состојбата, вели Васоски.

Целиот разговор со фудбалскиот тренер Александар Васоски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =