Василевски од Социјален центар Дуња: Систематското насилство прераснува во иселување и узурпација – за ваквите практики не треба да има место во 21 век

You must need to login..!

Опис

Во Скопје, на плоштадот „Македонија“, вчера се одржа митинг за поддршка на Палестина и палестинскиот народ. Собирот беше организиран од здруженијата Социјален центар Дуња и Гласни идеи, против, како што наведоа во повикот на ФБ – етничкото чистење од државата Израел врз палестинскиот народ и нападите од израелските власти изминатава недела.

На протестите имаше претставници на разни граѓански организации и припадници на повеќе етнички заедници, вклучително и Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и други, но и граѓани на Палестина и Јордан.

Критиката во јавноста кога се случуваат вакви настани и протести каде што се бара правда за одредени териотрии надвор од Македонија, обично критиката е каде сте да протестирате за домашните проблеми. Тоа во минатото ние го правевме, патем дел од Социјалниот центар Дуња е и активистичкиот подкаст Гласни идеи, па изминатата година го започнавме оној бран на протести портив поскапувањето на струјата, во екот на пандемијата организиравме неколку донаторски акции. Но меѓудругото ние сме и интернационалисти, значи кога пружаме солидарност со обесправени луѓе во светот, очекуваме таква солидарност да добиеме назад кога ние би се соочувале со такви проблеми. Конкретно, мотивацијата за организирање на ваков протест беше да се продолжи една значајна југословенска традиција на пружање солидарност со палестинскиот народ. Во минатото, во 80 години значајни музички имиња и групи правеа концертио за поддршка. Она што го направивме вчера беше еден обид да го продолжиме оној бран на искажување на солидарност кој почна од Белград, Приштина, Сараево, Љубљана, изјави во Утрински брифинг Зоран Василевски од социјалниот центар Дуња.

Закажан беше еден мирен протест со јасни правила дека не треба да има национални и верски обележја и да не се скандираат националиситички и религиски пораки. На почетокот се случи инцидент кога неколкумина бевме нападната, за среќа имаше полиција. Упативме порака до останатите мирни демонстранти да одиме неколку метри подоле и таму да ги истакнеме нашите пароли. Ова не е прв пат да се случува нешто вакво во центарот на Скопје. 2011 имаше други религиски фанатици кои правеа проблем, вели Василевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight − four =