Василевски: Ковачки ја доведува својата партија во заблуда дека не постои соодветна процедура при издавањето на безбедносните сертификати

You must need to login..!

Опис

ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки си паднаа во дупката која сами за друг ја копаа. Сакам да ве информирам дека двете лица кои тие ги спомнуваат на прес конференција, добиле сертификати токму во времето на претходната влада раководена од партијата која ја организира прес конференцијата. Добиле сертификати, од нив, во нивно време. А токму во едниот од овие сертификати, во досието фигурира потписот на Ковачки кој потврдува дека нема никаков проблем на тоа лице да му се издаде национален и НАТО безбедносен сертификат е ставот на полковникот и офицер за безбедност во Министерството за одбрана (МО), Горан Василевски, во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека постои огромен сомнеж дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не.

Во Утрински Брифинг, Василевски изјави дека процедурата за издавање на сертификати подразбира доброволно прифаќање на кандидатот кој бара сертификат, и пополнува електронски прашалник дизајниран од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а служи за тоа да видиме дали кандидатот ги знае одредбите од законот. Отпосле се започнува со спроведување на проверките дали тоа лице може или не може да добие безбедносен сертификат. Спроведувањето го врши стручно оспособен тим од НАТО експерти врз кој никој нема влијание, најмалку партиски, вели Василевски.

Проверките и процедурите се обемни, кога се завршува таа постапка се консултираме со надлежното тело во НАТО, не се носи веднаш одлука и финалниот збор го има соодветното тело во НАТО, изјави Василевски и додава дека оние кои нема да добијат сертификат немаат никакви индивидуални последици, туку станува збор за проценка на превенирање од можни последици по класифицираните информации за Алијансата, а со тоа и заштита на приоритетите и политичко-безбедносните интересина на Северна Македониуја како нејзина полноправна членка.

Целиот разговор со полковникот Василевски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 − fourteen =