Вардјан: Се врши огромен притисок врз медиумите, Словенечката информативна агенција се финансира со пари од донации

You must need to login..!

Опис

Најмалку 20.000 демонстранти во Словенија повикаа на оставка на владата и предвремени избори, објави словенечката телевизија – организаторите велат дека имало 40.000. Синдикатите и опозициските партии учествуваа на собирот во главниот град Љубљана. Демонстрантите извикуваа „избори сега“. На еден транспарент пишуваше „Смрт за фашизмот, слобода за сите“. Многу демонстранти дојдоа со велосипеди, симбол на антивладиното движење.

Повеќето демонстранти носеа маски, во согласност со правилата против коронавирусот. И покрај тоа, Јанша ги обвини демонстрантите дека придонеле за ширење на коронавирусот преку неовластени собири, оценувајќи го како кривично дело.

Денеска состојбата е мирна, но секој петок има протести низ Словенија. Главниот проблем е што премиерот Јанша води слична политика како Орбан или Трамп. Значи не се занимава само со политика, туку по 20-30 пати пишува твитови кои воглавно се усмерени против цивилното општество. Пред протестите во петокот тој на твитер напиша – Сите кои ќе на протести нека одат во Венецуела. Протестите се еден дел од притисокот кон Јанша да се оди на предвремени избори, изјави за Утрински брифинг уредникот во РТ Словенија Вања Вардјан.

Проблем е што Словенија од 1 јули ќе претседава со ЕУ и затоа Јанша вели дека поредвремени избори сега не се прават. Јас мислам дека тоа така ќе остане, до крај на годината ќе имаме протести, избори наредната година ќе има во мај или јуни следната година, додава Вардјан.

Критичарите го обвинуваат премиер Јанша за сè поголемо авторитарно владеење. Меѓу другото, тој беше критикуван и за неговиот однос кон медиумите. Откако ја презеде функцијата во март 2020 година, тој постојано ги напаѓаше медиумите и новинарите – дури и Германците – на Твитер.

Огромен е притисокот врз медиумите, но она што е важно е дека постои голема солидарност помеѓу медиумите и новинарите, изјави Вардјан.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + 9 =