Важноста за здравствената едукација како превенција од несакани последици, разговор со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

Комбинацијата од формално и неформално образование заедно придонесува за подобро здравје. Кој следел епидемиологија и статистика знае дека онаму каде што има поголемо образование на населението, општиот морбилитет е многу понизок. Тоа едно зголемено ниво на свесност за тоа што правиме за сопственото здравје на долг рок се покажува дека драматично влијае. Каде бевме пред година и каде сме сега? Пред една година кога видов што се случува во Кина, пишав еден обичен статус за тоа како правилно се кива. Во Британија имаше долги години кампања е дека правилно кивање е во ракав. Имаше разно-разни коментари, не бивајќи свесни какво влијание едно обично кивање ќе има на околината. И сега се покажува колку е важно земјите да вложуваат во здравствената едукација, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Ова е само еден мал пример за важноста од здравствената едукација. Ние имаме навика ако еднаш сме го направиле нешто во изминативе 10-15 години кажуваме готово, доста е. Во Велика Британија вие каде и да влезете, во студентски дом, библиотека ќе видите кадо во тоалетите има кратко упатство како требад а се мијат рацете. Значи здравствените кампањи не престануваат. Тие треба да почнат од предшколска возраст, високо образование и да продолжат понатаму. Здравствената едукација и кампањи траат цел живот. За да се одржи високото ниво на здравствена култура мора максимално да се вложува. На пример Финска за 30 години за 85% ја имаат намалено смртноста од срце. Како? Преку едукација на населението. Значи не мора да се работи на за некоја современа технологија, туку само за добро образование, додава Д-р Митов.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 3 =