Буџаку за евентуалниот бегалски бран: Жално е што партии собираат политички поени на туѓи несреќи

You must need to login..!

Опис

Имаме одредена улога и мандат да ја следиме рутата на бегалците, но ангажирани сме затоа што од 2015, од големата криза, имаме кризна состојба на границата со Србија и Грција (Табановце и Винојуг). Вчера имавме главен штаб кој се состои од директорот на ЦУК и претставниците како што се МВР, МО, МНР, Транспорт и врски и Црвен крст. Во случај да има вонредна состојба тогаш се состанува Управувачкиот комитет. Тука членуваат пет министри и директорот, изјави Агрон Буџаку, директор на Центарот за управување со кризи.

Миграцијата е голем проблем и еден од најголемите предизвици на модерното време. За среќа нема катастрофи како што се светски војни. Сега кризата и проблемите кои заземаат првиоритетно место кај политичарите од ЕУ и САД е миграцијата.
Сега државите имаат можност преку границите да го ограничуваат влезот.

Во 2015, како мала земја, која што секогаш била земја на емиграција, ние имавме бран од над 1.000.000 луѓе кои поминаа низ земјава. Морам да ги пофалам институциите на системот дека тогаш со ограничени ресурси и мала помош од ЕУ се справивме релативно добро. Но споредбено со Франција, каде секогаш има миграција, значи со моќна и силна држава, ние одлично се справивме.

Од тогаш се воспостави еден систем на работа, тоа значи дека имаме прогласена кризна состојба на јужната и северната граница, вели Буџаку.

Еден од нашите заклучоци е дека сега треба да се зајакнат средствата и да се побараат поголем број на полицајци и ФРОНТЕКС сили на нашата граница.

За жал несреќата на голем број луѓе и деца се злоупотребува на секој можен начин. Кога Меркел прими 1.000.000 бегалци од Сирија имаше огромни напади и екстремната десница на таа основа ја градеше политиката за да добие повеќе гласови. Сега ЕУ е децидна – Грција ги чува границите на ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × 2 =