Бухова во УБ за улогата на ДСЗИ и широката палета на претставки поврзани со ковид-19

You must need to login..!

Опис

-Од почетокот на пандемијата ДСЗИ издава само едно решение – решение за самоизолацција. Првичниот протокол беше дека за позитивни лица, за да прекине домашното лекување, односно самоизолацијата, се потребни два последователни негативни теста, после 14 ден, во рок од 24 до 72 часа. Но сите знаеме дека овој вирус е нов за цел свет, не само за нас. Со сите нови моменти кои се откриваат во однос на протоколите, на дијагностицирање и лекување на овие пациенти, протоколот се измени, односно се докажа дека секој што е асимптоматски после дестиот ден излегува во нормален живот без потреба да докаже дека е КОВИД-19 негативен, затоа што во тој период е докажано дека тој човек не е инфективен за околината. Истата постапка, за оној што има два симптоми после дваесетиот ден докажано е дека не е потребен тест, бидејќи не може да инфицира никого околу себе, изјави во Утрински брифинг Иринка Сотирова Бухова од ДСЗИ и додаде дека затоа и протоколите имаат претрпено измени.

-Протоколите се основаат на секојдневните нови сознанија од СЗО и сите големи светски научни центри, вели Бухова.

-ДСЗИ на дневна основа повеќе од 200 повици. ВО ниту еден момент немавме некоординираност ппомеѓу институциите кои се врзани во овој процес. Тоа се Институтот за Јавно здравје, од каде на дневна основа ги добиваме податоците за позитивни пациенти. Податоците од Центрите за јавно здравје од цела држава, од каде што ги добиваме по основ на контакт со веќе посочените позитивни лица. Секој ден инспекторите и другите вработени во ДСЗИ ги изработуваат решенијата на позитивни и преку системот ЕКСИМ се соработува со царина, гранична полиција и МВР. Значи со самото внесување на податокот за било кој позитивен граѓанин во истиот момент тој податок се гледа на царина и во МВР. Значи не постои шанса да нема координираност, изјави Бухова.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =