Бурнс: По случајот на Јалдз Веапоска и друга пациентка со компликации после операција бара помош преку медиумите

You must need to login..!

Опис

Откако Слободен печат го откри случајот со медицинската сестра од Дебар, на кој по пораѓањето со царски рез и биле отрстранети матката, бубрегот и јајникот, во нашата редакција се јавуваат и други пациенти. Во овој случај информиравме буквално за сите аспекти, од актвностите на Лекарската комора, јавното обвинителство во Струга, санитарниот и здравствен инспекторат, па се до послдните случувања кога докторот беше разрешен од директор на струшката болница. После оваа сторија во нашата редакција почнаа да се јавуваат и други пациенти. На пример денеска имам сторија за пациентка која што мисли дека во телото од 2018 година има заборавена газа. Таа во нашиот медиум со целосна медицинска документација се пожали дека мора да се оперира, бидејжќи животот и виси на конец откако има постоперативни компликации.

Пациентката губи на тежина, има израстоци на телото во форма на боцки кои ги исплукува и од устата. Поминала низ најмалку седум болници, но од ден на ден нејзината состојба се влошува. Денеска преку Слободен печат замоли некој да се погрижи за нејзиното здравје, да ја згрижи и да утврди што не е ово ред со неа, па потоа ако треба и да се оперира. Од ваквите случаи станува јасно дека не е е само состојбата со корона вирусот што го заслужува нашето внимание, туку има и пациенти со други состојби кои моментално страдат. Целта со објавувањето на ваквите животни судбини и приказни не е да се пронајде и лоцира виновникот по секоја цена, тоа сепак е работа на други инстанци во земјава, туку целта е да им се помогне на пациентите, да се даде силина на нивниот глас, кој без медиумска афирмација ќе остане нечуен, изјави во Утрински брифинг, новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс.

Последниот пат кога имав телефонски контакт со еден лекар кој што има две кривични пријави во обвинителството ми кажа дека не му се верува дека медиумите се занимаваат со „вакви глупости“, да се откажам со пишувањата на сторијата. Има и други извори кои се сосработливи. Можам да речам дека претежно директорите на болниците се соработливи. Имам претежно позитивни искуства. Се одговара на прашањата, но интересно е што не секогаш одговорите на институциите и поплаките на граѓаните се во ист правец – значи пациентите тврдат едно, институциите друго, вели Бурнс.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 16 =