Бурнс: Не оди повеќе само со апели за вакцинација, ќе мора да се воведат рестриктивни мерки

You must need to login..!

Опис

Пандемијата диктираше насловни страници во последниве две години. Од минатата недела започна четвртиот бран од пандемијата со ковид-19, а зафатена е цела Европа. Во некои европски земји се воведуваат посебни мерки. Кај нас се чини дека ваквиот интензивен бран помина летото, но не значи дека нема да се повтори.

-Министерот за здравство рече дека новиот бран е започнат за што говори и бројот на хоспитализации. Имаме ниска вакцинација од само 40 отсто што се должи на ширење теории на заговор, а од друга страна не се применуваат и контролираат донесените мерки како што е поседување вакцинален сертификат за влез во затворени простори. Сами три казни од седумстотини контроли изрекол инспекторатот.

ИЈЗ сега работи на секвенционирање на новата варијанта делта плус и досега не е пронајден таков случај.

-Италија појде најдалеку – 23 милиони Италијанци мораат да имаат вакцинален сертификат за да можат да одат на работа сеедно дали во приватниот или јавниот сектор, што предизвика протести, но италијанската влада нема намера да отстапи од зголемување на вакциналниот опфат.

Клучна е вакцината, а засега кај нас се останува само на апелирање за вакцинација. Но, во Хрватска од утре сите врабиотени во јавни установи ќе се тестираат двапати неделно или да поседуваат вакцинален статус. Други мерки во регионот се забрана за новогодишни прослави, ограничување на работата на угостителски објекти, забрана за купување алкохол навечер, невакцинираните вработени да се тестираат еднаш неделно на трошок на работодавачот, објаснува Мирослава Бурнс.

-Не може повеќе со молење. Ќе мора да се воведе тестирање на секои 48 часа со тест кој чини 15 евра, вели Бурнс.

Вакцинацијата не штити целосно од зараза, но помага да се спречат смртни последици при зараза. Во Данска на пример каде што има опфат на вакцинација од 80 отсто нема никакви рестриктивни мерки.

Проследете го целиот разговор во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 5 =