Бурнс за Утрински брифинг: Навремената и точна информација во време на ковид-19, подразбира и зголемен ангажман

You must need to login..!

Опис

Динамиката со која што ја покриваме темата со коронавирус е навистина силна. За мене како новинар што има задача да ги следи дневните извештаи, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и навистина за мене овој период претставува и зголемен ангажман. И покрај тоа што треба да ги следиме мерките за претпазливост и да се заштитиме од корона вирусот, сепак исто така мора да обезбедиме и навремена и точна информација и тоа често пати значи излегување на терен во болниците, контакти со извори. Но социјалните мрежи за мене овој период станаа многу добар, брз и ефективен механизам, преку кој сум контактирана, граѓаните делат информации, индиции и сознанија кои ми се од огромна помош.

Динамиката на дневни интервјуа и лични средби е намалена, но информативниот аспект вооопшто не трпи поради тоа. Имам една солидна база на извори и контакти од секторот здравство, со кој сме во постојана телефонска комуникација. Здравствените власти се транспарентни и брзи за комуникација и тоа навистина ми ја олеснува работата, изјави во Утрински брифинг новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс и додаде дека е задоволна од фактот што текстови од Слободен печат придонеле за промени во општеството кога станува збор за ковид-19.

-Минатата недела МВР по мојот објавен текст дека во еден град во внатрешноста се употребуваат несоодветни и лажни тестови за ковид-19, веднаш реагираше, изврши претрес во домовите на лицата кои ги спороведувале тие незаконски активности и ги одзема лажните тестови. Интеесно е дека оваа конкретна ионформација ја добив по телефон од извор со кој што разговаравме за нешшто трето, вели Бурнс.

Разговорот со Бурнс погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − eleven =