Булдиоски: Пропагандата во медиумите не е новина, а интернет платформите не се исклучок

You must need to login..!

Опис

Ова што се случува со поранешен Фејсбук а сега Мета со губењето на претплатници, придонесе голема загуба на сопственикот Марк Закерберг. -Го сменија името во Мета, како долгорочна стратегија за оттргнување на вниманието само од Фејсбук како платформа и да се префрли вниманието кон другите продукти на компанијата. Фејсбук од поодамна е мрежа за старци. Младите се префрлија на Инстаграм, па сега на Тик Ток. Фејсбук е присутен на многу пазари, не е едно, и не секаде рејтингот на Фејсбук е ист, вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWebMK, извршен директор на NewMedia MK и основач на Decal.mk.

Тој додава дека регулација на ваквите сервиси постои во светот. Постојат акти и закони, но тие се локални, државни, а не се меѓународни иако станува збор за глобални процеси.  Војната во најава во Украина од реалниот свет се префрли на интернет и се претвори во пропагандна војна. Булдиоски вели дека пропагандната војна во медиумите не е новина, само што денес е многу поедноставно да стигне до поголем број луѓе. -Научивме дека не треба слепо да им се верува на телевизиите, но истото важи и за интернет платформите иако поради напливот на информации нам ни е тешко да развиеме личен капацитет да ги разлачиме сите овие работи што стасуваат до нас, вели Булдиоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ten − 5 =