Бојаџиев: Кратовчани најмногу потфрлуваат во самодисциплината

You must need to login..!

Опис

Кратовчани ја почитуваат вонредната состојба. Во однос на дисциплината најмногу потфрлуваме. Во оваа ситуација на никој не му се седи дома и повикувам да се почитуваат мерките, изјави за Утрински брифинг градоначалникот на Кратово Љупчо Бојаџиев.

Моментално имаме 48 лица во самоизолација. Има некои дилеми дали тие две недели се доволни да се види клиничката слика и бараме да останат барем уште пет дена во самоизолација.

Мал хендикеп е недостатокот на медицински средства како заштитни маски. Разговарано е со конфекциите и за рекордно кратко време се изработени тие маски и поделени.

По продавниците е солидна снабденоста и не се разликува во однос на претходниот период, додаде Бојаџиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twelve + nine =