Бојаџиев: Иднината на Западен Балкан, во ЕУ или покрај неа – ЕЕА (Еuropean Еconomic Аrea) заобиколен пат до Унијата

You must need to login..!

Опис

Јас пред три години објавив текст каде што велам дека треба да се размисли за други опции. Цело време велиме дека немаме план Б што е точно, сите сме за ЕУ и НАТО, НАТО го завршивме, а за Европска унија планот А е тргни па застани, така што лично сметам дека не е одговорно да останеме на тоа дека ние сме добрите, а другите лошите, изјави во Утрински брифинг Марјан Бојаџиев, ректор на универзитетот Американ колеџ во Скопје.

Едно значајно истражување објавено за ЕК разгледува каде ќе биде Западниот балкан во 2035 година. И тука се почна со четири сценарија – три земји од Западен Блакан од шест да бидат во ЕУ, второт сценарио е да се напушти концептот на ЕУ и да се бара спас на исток во Евро-азиска унија, третото е да останеме каде што сме и четвртото е да го ставиме бизнисот на прво мест. Ова истражување се уште е во процес, треба да се заврши во семтември и испадна дека ова сценарио (бизнисот на прво место) е најатрактивно.

Јас никогаш не велам дека Македонија треба да го напушти европскиот пат, но како да дојдеме и дали има друг заобиколен начин да дојдеме до ЕУ побрзо. Она што го забораваме е дека Европа има повеќе димензии – не е само ЕУ, имаме ЕУ, ЕС, Шенген зона итн… Она што е за нас најлесно, најбрзо може да се влезе и искрен да бидам најзначајно – Европски економски простор (Еuropian Еconomic Аrea).

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + 7 =