Бошков: Фирмите не се контејнер за лошите административци

You must need to login..!

Опис

Кога се разговара за пари освен домашниот буџет се преиспитувате и што автомобил да купите. Се повеќе старите возила остануваат како „крнтии“ на плацевите без извесност дека ќе бидат употребливи.

Се поверојатно е дека паѓа и увозот на половни автомобили.

Светски тренд е хибридното возило кое што претставува и можност за заштита на животнта околина. Тоа е и е перспектива на автомобилската индустрија.

Можноста да се купи ваков автомобил, како и притисокот на економијата врз политика и вице-верса, економската ситуација во држава, бизнис секторот како двигател на една економија беа дел од темите за кои во Утрински брифинг говореше Миле Бошков од бизнис конфедерацијата.

Политичката димензија де факто влијае врз економијата, однсоно со години наназад политиката ја димензионира и диктира економската политика, наспроти тоа што секаде се очекува да имаме поголеми и повлијателни компании кои ќе го диктираат бизнисот, барањата и начинот во која насока ќе оди економијата.

Продуктивноста е најважниот елемент во создавање на нови приходи и зголемена економија. Кај нас тоа може да се мери и со тоа колку се реализираат капиталните инвестиции според буџетот во кој се планирани, но исто така и самата реализација на тие инвестиции кои би потикнале планиран економски раст, зголемување од 25% на плата или зголемување за 25% на економски активности се прегногу големи за да би можеле да веруваме. Сметам дека тоа со години наназад е предизборно клише.

Светот оди кон четвртата индустрија која се базира на нови технологии во економијата. Работниците сега покрај технички треба да имаат и дигитални вештини.

Треба да се најде начин како да се олеснува водењето на бизнис, наспроти субвенционирањето, изјави Бошков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 + 8 =