Бошковска Јанковски: Фирмите кои не ги регистрираат вистинските сопственици ќе бидат исклучени од финансиски и трговски трансакции

You must need to login..!

Опис

Воспостaвувањето на регистарот за виостински сопственици за нас беше вистински предизвик. Сo неговото пушптање во употреба и Централниот регистар се вклучува во борбата пороиитв перењето на пари и финансирање на тероризам. Регистарот на вистински сопственици е заеднички проект со Управата за финансиско разузнавње и има за цел на транспарентен начин да ја прикаже точната сопственичка структура на сите правни субјекти во државата. Обврската произлегува од европското законодавство, со што Република Северна Македонија во голем дел ја трансформира четврта директива на ЕУ. Ова не е само во согласност со базичните меѓународни стандарди туку и со најдобрите практитки на европско ниво, изјави во Утрински брифинг директорката на Централниот регистар, Марија Марија Бошковска – Јанковски .

Сите постоечки субјекти што ги имаме во нашите регистри имаат рок до 27.04 да ги внесат потребнит еподатоци, а потоа секоја промена на вистинските сопственици се пријавува во рок од 8 дена. Ново-основаните субјекти во рок од 8 дена од основањето мора да ги запишат вистинските сопственици или физички лица. Уписите извршени во законските рокови се бесплатни, вели Марија Бошковска – Јанковски.

Доколку вистинскиот сопственик е државјанин или странец со регулиран престој уписот се врши со внесување на матичниот број на граѓанинот. Се пренесувааат и податоците за видот и уделот за сопственост, вели Бошковска – Јанковски.

Ако имаме помала сопственост од 25% во тој случај сопственост ќе оди по индикатор на контролна улога, но сетоа ова го зборувам врз основа на законските определби, но има едно упатство Управата за финансиско разунавање, објавено и на нивната страна за самиот начин до кој што би се дошло до вистинската сопственост. Ако имаме помаи удели, 5%, тогаш уписот во регистарот ќе биде по индикаторот на контролната улога, односно овластеното лице на правниот субјект. Овлестеното лице ќе биде тој кој што ќе биде вистинскиот сопственик на правниот сбјект. Но тука ќе треба да се косуилтира и Финасиското разузнавње бидејќи оваа институција ја има контролнат афинкција, ние ја имае само евидентната. За секое постапување вон законските рокови, предвидени се големи глоби, а ненавремениот упис на вистински сопственик за правните субјекти ќе значи и проблеми нпри воспоставување на клиентски однос на правните субјекти со банките. Банките нема да извршат трансакција, ниту деловен однос во случај субјектот да не запашишал вистински сопственик, додава Бошковска – Јанковски.

Ние сме едни од реткиоте во Европа кои се одлучивме податоците за вистински сопственици да ги отвориме за целата јавност, преку добро познатите и разработени системи за издавање информации на Централниот регистар.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × 4 =