Зајкова: Од наредната година да се отвори прашањето за легализација на истополовите партнерства

You must need to login..!

Опис

– По повод Меѓународниот ден на човековите права 11 пратеници од различни партии иницираа основање на една интерпартиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТ заедницата. Ние знаме дека постои мал напредок на оваа тема, но тоа се уште не е доволно. Се уште луѓето не се чувствуваат слободно да говорат за нивниот идентите, за тоа кои се, што ги исплнува и што ги прави среќни. Како секој од нас што има слобода да се искаже кој е и кои се неговите соништа, така треба да се обезбеди и за овие лица. За човеково право не треба да разговараме, но иако живееме во општество каде што доминира стереотипното размислување, не смееме да останеме конзервативни во размислувањето за кои што ставот го дели дури и Папата, регионот итн, изјави во Утрински брифинг Моника Зајкова, пратеничка од редовите на ЛДП во Собранието на Република Северна Македонија.

– Групата е парламентарна, интерпартиска за да ги надмине партиските интереси. Кога говориме за човекови права тука нема партии. Сите подеднакво ги уживаме човековите права. Мене многу ми е жал што треба да разговараме и да се докажуваме дека тоа се луѓе како сите нас. Не може да разговараме ние за некој што е поинаков дека е помалку човек од тоа ние што сме. Не е ЛГБТ заедницата објект па да ги третираме поинаку од останатите, вели Зајкова и додава дека луѓето се уште се стигматизирани и напаѓани заради нивниот идентитет.

– Ние треба да ги унапредуваме правата, а не да збориме дали на некој треба да му дадеме право да се изјасни кој е неговиот идентитет. Слободата и правото на среќа се едни од основните права на секој човек, смета Зајкова.

– Ќе работам на тоа од идната година да се отвори прашањето за легализација на истополовите партнерства. Тоа не значи на нарушување на традиционалниот брак, туку регистрирање на партнерства кои ќе им се овозможат на овие лица. Ова го кажувам лично, не зборам од име на ниту еден пратеник, туку како личен став и мислење, додава Зајкова.

Целиот разговор со пратеничката Моника Зајкова погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =