Бошкова: Да спречиме спонзорирана хомофобија и трансфобија во високото образование

You must need to login..!

Опис

Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација.
Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина што бараме да биде отстранета и заменета со научно заснована содржина што е во чекор со современата научна мисла. Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права, поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација, велат од коалицијата „Маргини“.

После низа интервенции за повлекување на спорната содржина од учебникот, одлучивме дека единствен или поефикасен механизам би бил судот. Бараме судот да утврди дека спортната содржина е вознемирувачка, да се повлече и одлуката со која се утврдува дискриминацијата јавно да се објави во медиумите, вели во Утрински брифинг Наташа Бошкова од коалицијата „Маргини“.

Автономијата на Универзитетот е едно од основните начела на високото образование, но и почитување на човековите права, заштита од дискриминација и принципот на еднаквост се на подеднкаво рамниште. Така што не сметам дека повикувањето на принципот на автономија на високото образование на Универзитетот е доволно да се изземе од одговорност и факултетот и авторот и рецензентите на овој учебник. Овој учебник всушност стана учебник во 2018. Времето кога ние имавме интервенции за повлекување на ова спорна содржин аучебникот беше во форма на скрипта. Тогашните напори беа да превенираме да дојде до ситуација оваа содржина да стане учебник кој е финасиран од факултетот , од буџетски пари и практично на некој начин да се случи спонзорирана хомофобија и трансфобија во високото образование.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 + eight =