Бочварски за УБ ги најави приоритетите кои што ќе ги постави на денешната седница на владата

You must need to login..!

Опис

Денеска во Штип треба да се одржи владина седница на која домаќин е токму штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

-За прв пат во историјата на Штип се оддржува седница на Владата. Во текот на денот заедно со премиерот ќе посетиме неколку приватни компании, спомен собата на претседателот Глигоров.

Во 17:30 до доцна во ноќта ќе бидам присутен на седницата на владата каде што ќе имам свое обраќање.

Координација со владата имаме и на дневно ниво, но секкако ќе го отворам прашањето за целосна децентрализација и да побарам и да укажам дека по формирањето на новата влада овој процес ќе продолжи со посилно темпо, изјави Бочварски.

Браната на реката Отиње исто така ќе ја поставам на дневен ред.

Секторот за внатрешни работи – Штип врши истрага околу настанот и рушењето на спомен плочата на Ацо Шопов. Се надевам на брзо решение, додаде Бочварски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × three =