Бочварски: Важно да ја подобриме конекцијата со Бугарија, но пругата е макотрпен процес – над 90 мостови и 32 тунели

You must need to login..!

Опис

Имаме доста работа во изградба на инфраструктурата. Кога станува збор за железничката инфраструктура и поврзувањето со Бугарија, тоа Коридорот 8 и тоа е пан-европски коридор, за кој сите сме се заложиле со цел да се поврзат Јонското до Црното море и заради тоа овде имаме и доста поддршка од ЕУ со средства, грантови, кредити. Наше е да ги организираме овие средства и да продолжиме со градба, бидејќи навистина имаме голем застој како држава во изминативе 20 години. Ова е голем предизвик и за мене и за оваа Влада, да направиме постапки преку кои ќе обезбедиме изведувач кој ќе продолжи да ја реализира првата и втората делница заедно, изјави во Утрински брифинг министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Имаме потпишано и меморандуми со Бугарија во минатото, нивниот дел е доста помал, но нашиот е со висина од 600 милиони евра, голема инвестиција е, потребно е време и средства за да се рееализира. не е тоа проект кој може да се направи за една година, тоа не го ветуваме., но сакам да укажам дека тоа го работиме макотрпно и сакам да видам изведувачи кои си ја работат работата на терен, додава Бочварски.

Коридорот 8 е еден од клуччните коридори и на ЕУ, и токму при посетата еврокомесарот Вархеји еден од клучните фактори кои ги наведе беше транспортната инфраструктура и поврзувањето на регионот. Нашите напоири се да ги добиеме и реализираме средствата за вистинските цели, бидејќи тоа значи обрт во економијата, дополнителен развој, поголема безбедност за нашите граѓани, вели Бочварски.

Секој пакет има свои карактеристики димензионирани согласно потребите на државите и теренот. Јас кога говорам за товарниот транспорт сметам дека треба да се стави акцентот на бизнис секторот, со тоа помогаме на домашните компании и ги заштитуваме напите македонски патишта. Според мене таа пруга е димензионирана со капацитети и димензии потрбни за нашите превози и транспорт кој што го очекуваме. Се работи за доста тежок терен и гледајќи го проектот колку е обене и захтевен за пругата од Куманово до Бугарија, треба да се изградат над 90 мостови и 32 тунели, изјави Бочварски.

Во однос на патишата и патната структура според сите мерења кои се направени ни еи натаму сме во фаза на изградба на експресен пат од Ранковце до Крива Планка. За нас е исклучително важно да ја подобриме конекцијата со Бугарија и јас во неколку наврати акцентирав дека само на тој Коридор 8 од Скопје па се до границата со Бугарија инвестираме 100 милиони евра. Експресните патипта се добри бидејќи во секој момент при зголемување на транспортот помеѓу нашата земја и Бугарија тоа може да прерасне во ранг на автопат.

Оваа година нашите планови и приорите се во делот на изградбата на магистралните гасоводи бидат завршени, до Гостивар и до Битола, двата краци кои се градат.Не го пролонгираме рокот и во време на пандемија ги градиме магитралните гасоводи, до Битола кракот е готов над 98% и наскоро ќе биде привршен, до Гостивар е над 65%, работиме на оној до Кичево, работиме на поврзувањето со Грција, кракот Неготино преку Гевгелија до Грција, со што правиме уште едно поврзување на југ со Грција. Ако 25-30 години ние сме изградиле само еден магистрален гасовод од Крива Планка до Скопје, сега за само неколку години гледаме дека се готови од Куманово до Штип, Неготино, Прилеп и Битола, и паралелно со ова Скопје, Тетово и Гопстивар каде има голем напредок.

На патот Охрид – Кичево се работи. Минатата година имаме поголем прогрес на работите и мораме секогаш да дискутираме во контекстот во кој што го затекнавме овој автопат и сите проблеми кои ги отклонуваме, така шпто денеска сите репоректирања се направени, обезбедени се дополнителни средства за дореализација на овој автопат, осум клучки кои ги немаше во првичниот проект се проектирани. Сакаме безбедни патишта и во текот на оваа 2021 година она што може да ветиме е дека до крајот на оваа година правиме напори да 20км од овој автопат Кичево – Охрид ги пуштиме, а паралелно работиме и на останатиот дел од автопатот, вели Бочварски.

За Скопје – Блаце имаме две делници, првата е два километри каде експрпријацијата е завршена и сега компанијата која пто гради има чист терен. Во делот на втората делница од 10 километри имавме разговор која делница треба да се прифати, бидејќи таму е е и вонеиот полигон Стенковец, така што проектантите ја одбраа траста. Кога ќе го имаме кокплетниот проект влегуваме во тендерска постапка за изградба и на овие 10 километри, изјави Бочварски.

Капиталните инвестиции нема и не смеат да имаат застој. Можам да кажам дека за нас сите инфраструктурни проекти се важни заради раздвижување на економијата.

Целиот разговор со министерот Бочварски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 − four =