Бочварова Плавевска: Изложбата во МСУ е прилика да се видат некои од најдобрите дела на доајените на македонската современа уметност

You must need to login..!

Опис

Изложбата во Музејот на современа уметност со наслов „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ е поместена во горниот простор од музејот и е добра прилика особено помладата публика во живо да ги погледне делата на доајените на македонската современа уметнст.

„Кон крајот на 2020 година, во пократка форма беше отворена изложбата „70-тите и 80-тите години во македонската ликовна уметност, но беше во помал формат поради зафатениот простор. Но сега успеав да ја дополнам и во голем формат да ги прикажам моите идејни концепти. Се дистанцирав од некој обоемен историски преглед  и затоа сега изложбата го носи насловот „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“. Можеби некој ќе забележи дека отсуствуваат одредени автори, кои се спомнати во мојот обемен текст во книгата што ќе биде објавена, но тоа е така  заради самиот простор и идејата да се акцентираат оние моменти кои ги поттикнаа преобразбите во овие две децении. Во самата изложба се застапени повеќе од 50 автори со над 80 дела со тоа што инсистирав да се реконструираат одредени инсталации кои ретко биле изложувани во Музејот. Главнината на делата се од збирката на МСУ, но има дела кои се позајмени и од Националната галерија и од Музејот на град Скопје и од приватни колекции.

Преку овој дел на изложбата за која мислам дека посебно е наменета за помладите може да се разбере дека квалитетот на  продукцијата во 70-тите години е фантастичен, особено во делата на дојаените на македонската модерна уметност, но кои понатаму како професри создадоа генерации автори што се’ уште се активни и сега тие самите се професори на Факултетот за ликовни уметности“, вели за Утрински брифинг, Марика Бочварова Плавевска, кустос во МСУ и куратор на изложбата.  

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + sixteen =