Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“: Прераснавме во машинерија која е позната во цела држава, но помош од државна институција сѐ уште нема

You must need to login..!

Опис

Здравствениот работник Денис Јанкуловски Космонаутко, неформалната иницијатива „На Точак“, младиот писател и активист Александар Матовски-Цако и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ се годинешниве добитници на наградата „Европејци на годината“.

За Утрински брифинг, Борче Стаменов, човекот кој успеа да усреќи огромен број на деца и ученици, да добијат компјутер и да можат да се школуваат, вели дека не очекувал дека ќе добие награда и чувството е убаво некој да оддаде признание за неговата активност.

-До вчера имам донирано 775 компјутери и бројката од 800 компјутери ќе биде достигната наредната недела, а „илјадарката“ е на дофат, вели Стаменов.

Ова го правам за да инспирираме повеќе луѓе да се вклучат во нашата иницјатива. Одзивот е одличен, речиси секојдневно добивам повици, се јавуваат компании, очекувам дека барем 2.000 ученици да обезбедиме со компјутер, додава Стаменов.

До сега никој не нема контактирано од МОН, имав само средба со претседателот Пендаровски кој ни даде поддршка. Значи од наша институција нема понуда за помош, повеќе понуди ни стигнуваат од делегацијата на ЕУ, но повторувам од наша институција немаме добиено помош, вели Стаменов.

Ние како држава се уште не сме спремни за дигиталната реформа. Едно што децата ќе треба да учат од компјутер, друго е што има по 3,4,5 дечиња по семејство, така што не знам како државата ќе им помогне на тие дечиња. Ние како иницијатива тоа прашање на ниво на цела држава да го решиме.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 − six =