Борис Камчев за УБ: Трамп и демократите водат политичка битка во време на пандемија на Ковид 19

You must need to login..!

Опис

Драматично се смени реториката на Реубликанците во Америка во однос на корона-вирусот. Ако претходно Доналд Трам тврдеше дека станува збор за фама на Демократите, сега повикуваат да се остане дома, ако се земе предвид дека Њујорк станува ново жариште на вирусот, информираше во Утрински брифинг денеска новинарот кој живее и работи во Америка, Борис Камчев.

Како што вели тој, САД е во здравствена криза.

„Генерално на ниво на Америка има здравствена криза. Затворени се школите, универзитетите…речиси 2/3 од Америка е затворена. Ова досега го немало во историјата на оваа земја. Се излегува само за најнеопходни работи, во маркетите, во аптеките, меѓутоа дозволени се кратки прошетки за свеж воздух. Кафе баровите и рестораните работат само за достава, а собирања се забранети“, вели Камчев.

Осврнувајќи се на ситуацијата во Њујорк, Камчев вели гувернерот Ендрју Куомо праќа драматични пораки но отфрла секаков вид политика во јавниот дискурс.

Воедно Куомо ги повикал сите здравствени работници да помогнат во Њујорк бидејќи според него има национална криза односно „војна“.

„На ниво на државата пак, Трамп на почетокот тврдеше дека корона вирусот е фама на демократите, а тоа одеше и на ТВ станици кои ја поддржуваат конзервативната десница. Се случи промена, од кампања дека е фама сега конзервативците повикуваат да се седи дома. Трамп сега тврди дека најмногу тестирања се прават во Америка за разлика од било која друга земја. Овде демократите пак бараат бесплатно лекување на сите лица, се води некаква политичка битка“, информираше Камчев директно од САД во Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − 10 =