Борис Камчев: Во НАТО загриженост за дезинформациите кои се шират на Балканот од „руските и кинеските“ фабрики на лажни вести

You must need to login..!

Опис

НАТО алијансата е загрижена за дезинформациите што Кина и Русија ги шират. Постои голема загриженост за тоа и она што се случува во Русија им „оди на нерви“ во НАТО. Од таму потврдија дека на некој начин ќе се обидат да ги поттикнат медиумите во Западен Балкан да ги одвратат од таквите информации. Тука спаѓа и Северна Македонија секако, изјави за Утрински брифинг, во телефонскиот разговор од Вашингтон, новинарот Борис Камчев.


Точно е дека малтене Трамп се постави како авторитарен лидер со некои изјави. Гувернерот на Њујорк му одговори дека не е работа на претседателот дали економијата треба и кога би била отворена. Коронавирусот прави голема штета на економијата во светот, со тоа и САД. Има големи критики до Трамп како тој се справува со КОВИД-19. Ненси Палоси побара да се каже вистината за вирусот. Го оцени Трамп како неспособен човек и слаб лидер.

Со ширењето на КОВИД-19 се рашири и поделеноста во американското општество. Но тоа не е само на политички план, туку пред се за начинот на справување со кризата, вели Камчев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 4 =