Борис Георгиевски: Со новиот инфраструктурен проект добиваат сите

You must need to login..!

Опис

Нов инфраструктурен проект за изградба на нов коридор со мост преку реката Вардар. Новиот мост ќе го поврзува булевар АСНОМ кај хотелот Русија, преку Вардар, низ населбата Ќерамидница, се до раскрсницата кај скопското сајмиште.

Гостин во Утрински брифинг беше градоначалникот на општина Гази баба, Борис Георгиевски кој говореше за овој мега-проект како и проблемите кои ги мачат жителите на општината.

На половина пат сме за експропријација на 137 домаќинства. Очекуваме дека до крајот на годинава ќе завршиме со овој дел. Пробивањето на овој сообраќаен коридор ќе даде исклучителна развојна компонента на градот и истиот ќе овозможи да патуваме побрзо и побезбедно. Од Ново Лисиче до Саем или од Автокоманда до ТЦ Бисер со автомобил ќе се стигнува за само 5 минути.

Времето на движење за велосипедистите и пешаците, исто така, ќе биде драстично намалено. Новиот проект освен нов мост преку Вардар во должина од 120 метри предвидува и пробивање на нов и реконструкција на стар булевар во вкупна должина од 2.170 метри, пет вкрстувања, 6 коловозни ленти, велосипедски патеки во двете насоки, пешачки патеки и дрвореди. Новиот коридор во градот задолжително ќе биде проследен и со нови автобуски линии на јавниот градски превоз.

Ова е зацртан проект и не вршиме никаква промоција, доколку ме прашувате за прекршување на правилата во време на избори. Ова е ветено уште пред две години и постапката е отпочната уште пред да биде распуштено собранието.

Морам да напоменам дека со завршување на овој проект економски бенефит ќе има и населбата Керамидница, во која до сега граѓаните живееја во едни субстандардни услови, изјави во Утрински брифинг Борис Гееоргиевски, градоначалник на оптина Гази баба.

Наследив долг од 2.500.000 денари. Со помош на владата и сопствени средства вратени се сите долгови и 2.500.000 денари сме плус. За две гдини и два месеци расчистени се сите долгови и сега општината може храбро да чекори напред кон капитални инвестиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × four =