Божиноска: И покрај пандемијата мора да продолжат реформите во здравството за да не се повторуват случаи како со родилката Веаповска

You must need to login..!

Опис

Платформата за родова еднаквост во која се обединети 24 женски и други граѓански организации од самиот почеток го следат случајот со родилката Јелдз Веаповска побараа Лекарската комора да му ја одземе лиценцата на гинекологот Асани, а надлежните институции да ги казнат одговорните во овој случај.

„Ова не е изолиран случај, и самата индиција дека треба да се направи истражување на терен за да се види дали се’ уште постојат нелегални ординации каде оперираат гинеколози и нудат здравствена заштита укажува на тоа дека ова треба да биде итно санкционирано од страна на надлежните институции. Нашата конкретна реакција беше информацијата од Лекарската комора според која не е утврдена лекарска грешка, но самиот факт дека гинекологот Асани поседувал и ординирал во нелегална ординација е доволен повод Лекарската комора да му ја одземе лиценцата и веднаш да му биде сопрена можноста да нуди здравствена дејност додека овој случај не добие судска разрешница. А сметаме дека треба да се побара одговорност и од Лекарската комора и зошто се штити здравствен работник кој поседувал нелегална ординација што е забрането со закон. Факт е дека во изминатите години се детектирани сериозни пречки во пристапот до услугите несоодветни услови за репродуктивното здравје на жените.

Во 10 општини, државата нема обезбедено доволно акушерски и гинеколошки услуги и грижа, а во 4 од нив воопшто нема гинеколог на примарното ниво. Но факт е дека веќе се направена детална анализа, процес кој беше инициран од граѓанскиот сектор а во кој се вклучени и меѓународните организации, клучните институции како Фондот за здравствена заштита, Министерството за здравство и здравствената фела и во 2018 и 2019 веќе е направен план за реформа особено во делот на репродуктивното здравје, односно кај гинеколозите. Корона кризата ги стопираше реформите, но пандемијата не смее да биде изговор да се стопира реформата.

Апелирам до Фондот за здравствено осигурување, до Министерството за здравство да се искористи целиот човечки капацитет да ја спроведат реформата во оваа област така како што е планирано“, вели за Утрински брифинг, Елизабета Божиноска, директорка на програма во ХЕРА и претставничка на Платформата за родова еднаквост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − eleven =