Божиновски: Прашање е дали владата ќе успее воопшто да се одржи во следните две години

You must need to login..!

Опис

Што може да се заклучи од распоредот на гласовите на последните локални избори, во Утрински брифинг за коментар го прашавме проф. Владимир Божиновски од Правниот факултет и експерт за истражување на јавното мислење.

-Тоа што се случи меѓу двата изборни круга беше очекувано. Кога во прв круг ќе се дефинира некој победник, еуфоријата му помага да добие дополнителни гласови. Така што, овие резултти беа и очекувани, вели Божиновски.

СДСМ примени стратегија со објава на државјанството на Арсовска и со најава за оставка на Заев.

-Првото немаше влијание затоа што беше очигледно дека е во функција на предизборната кампања. Да беше објавено пред три недели па да имаше време да се провери, тоа е веќе друго. Дури сега ќе можеме да видиме дали е тоа вистина или не. Не може да очекувате ефект ако извадите нешто што не е поврзано со работата на идниот градоначалник. Второто, за оставката, веќе имаше влијание. Но повеќе на оние кои сакаа да гласаат против. Јас не би советувал некого да направи ваков чекор. Немаше потреба локални кандидати да ги идентификуваат со централната власт, вели Божиновски и појаснува дека причината за тоа, според него, е што градоначалниците потфрлија.

-Многу е лесно да ги отворите националните теми кога имате партнер од другата страна. Опозицијата беше поподготвена за овие избори, вели Божиновски.

-После избори не се правт истражувања на јавното мислење, оти народот сака малку мир. Такви резултати е прашање колку би биле релевантни. Но, потоа, веројатно е добро да се види што очекуваат граѓаните.

Трендовите тешко се менуваат во социологијата и политиката. Резултатите од локалните избори ќе се рефлектираат врз владата. Па прашање е дали владата ќе успее воопшто да се одржи во следните две години. Мој предлог беше концентрациона влада, но тоа тешко дека ќе се направи, анализира Божиновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + twelve =